fbpx

Филипче ќе купува сапуни за училиштата, градинките и за јавните тоалети

-

Министерството за здравство треба итно да набави соодветно количество сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градинки и за јавните тоалети. Ова е еден од денешните заклучоци на Владата, донесен врз основа на препораките на кризниот штаб за справување со корона вирусот на Министерството за здравство.

Ова следува откако овој вирус почна да се шири во Европа, вклучително и на Балканот. Средствата за дезинфекција и сапуните ќе се набавуваат откако и Сојузот на средношколци минатата недела започна онлајн кампања на социјалните мрежи наречена #немасапун или #skasapun, во која тие онлајн објавуваа фотографии од десетици училишта низ државата, на кои се гледа дека нема сапун за одржување на најосновна лична хигиена.

– Сите ни зборуваат дека многу болести доаѓаат од нечисти раце, но никој не го интересира тоа што немаме сапун во училиштата – рекоа за „Мета.мк“ во Сојузот.

На фотографиите споделени на Фејсбук, Инстаграм и на Твитер се гледа дека во некои од тоалетите има искршени мијалници, откорнати диспезери за течен сапун, валкани подови. Бленди Ходаи претседателот на сојузот рече дека сликите ги споделуваат за да влијаат на свеста кај властите и да им кажат дека не може учениците во средното медицинско училиште на час да учат предмет „Хигиена“, а во исто време во тоалетот да нема сапун за да си ги измијат рацете.

Инаку меѓу заклучоците од денешната седница на Владата е и препораката до установите за згрижување на деца од предучилишна возраст да преземат мерки за соодветен третман за дезинфекција на обувките при влегување во градинките.

Во земјава денеска имаше еден сомнителен случај, за кој здравствените власти информираа дека не станува збор за корона вирус, туку дека пациентот бил заболен од грип.

– Патникот кој пристигна од Дубаи е негативен на тестовите за корона вирус. На Влада денеска е одлучено патници од северна Италија да се препуштаат на само пет гранични премини. Ќе набавиме соодветна опрема, а се задолжија сите институции да ги одложат сите планирања патувања и екскурзии во регионот на северна Италија. Мора да се откажат сите патувања, тоа е сериозен ризик – рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...