fbpx

Филипче: Заминувам од позицијата министер горд на сработеното

-

Ми беше чест и задоволство да ви служам во изминатите 4 години. Заедно поминавме многу во историски најтешкиот период за македонското здравство. Поддршката која ја добивавме јас и моите колеги ни даваше сила да продолжиме напред и да ја водиме битка со пандемијата, рече екс-министерот за здравство Венко Филипче во видеообраќање до јавноста.

Тој се заблагодари на оние што го поддржувале, но и на оние што „добронамерно го критикувале“.

„На крајот на мојот ангажман како министер за здравство, сакам јавно да им се заблагодарам на моите колеги, здравствените работници. Нивната пожртвуваност и посветеност заслужуваат најголема почит, а јас и понатаму ќе продолжам да се борам за нивните права и достоинствен третман од страна на државата. Ви се заблагодарувам уште еднаш на сите кои ја препознавте посветеноста и трудот со кој работев, но и на оние кои добронамерно ме критикуваа и советуваа“, порача Филипче.

Тој вели дека ја напушта функцијата со чувство на гордост од сработеното, но и дека ќе продолжи со борба за подобри состојби во здравството.

„Заминувам од позицијата министер горд на сработеното знаејќи дека сè што направивме, секоја одлука која ја донесовме ја носевме исклучиво во интерес на здравјето и заштита на граѓаните. Со оваа мисија продолжувам да работам и понатаму“, порача министерот во заминување.

Филпче одбележа дека во текот на неговите мандати имало воведување на нови медицински зафати и внесување иновации во македонската медицина.

„Пандемијата донесе многу неизвесност и тага, оставајќи трајни последици и промени во нашите животи. Но, овој период ќе го паметиме и по убави нешта. Во екот на пандемијата ја изведовме првата успешна трансплантација на срце, а потоа изведовме уште 5 со што е направен историски чекор во македонската кардиологија. За првпат направивме и трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител што е уште еден голем дострел на македонското здравство. Горд сум на сите посветени колеги кои почнаа да применуваат нови методи на работа и изведуваат најсовремени операции. Имаме нови методи за лекување на пациенти со мозочно крварење, нов третман на епилепсија и нови неинвазивни методи за лекување на Кардиохирургија“, рече Филипче.

И покрај сите предизивици со глобалната ковид криза, додаде тој, успеавме да направиме темелни промени во здравството и да реализираме инвестиции.

Според Филипче, една од најбитните работи што се реализирани е зголемувањето на платите на здравствените работници.

„Го вративме достоинството и мотивацијата на здравствените работници со зголемување на платите како никогаш порано. Тие сега земаат повисоки плати од 25 до 40 проценти, а специјализантите за првпат се платени додека специјализираат. Верувам дека новата Влада ќе продолжи да ги зголемува платите бидејќи здравствените работници тоа го заслужуваат“, нагласи досегашниот министер за здравство.

Филипче порача дека се направени многу работи и во полза на пациентите.

„Се грижевме за сите пациенти подеднакво како и за оние кои порано беа игнорирани и заборавани. Обезбедивме лекови за пациентите со ретки болести. Нема ниеден пациент без достапен лек затоа што секој човек е важен, а воспоставивме и регистар за ретки болести. Нашата земја конечно нема лекови од паралелен увоз, ги укинавме и квотите, и сега сите лекови се квалитетни и достапни во секое време. Дијабетичарите имаат конечно достапен врвен инсулин, а за децата со дијабет обезбедивме средства за набавка на безболни апарати за мерење на гликемија“, рече Филипче, нагласувајќи и дека во неговиот мандат се реновирани 50 здравствени установи, клиники и хируршки сали, отворени се нови и оддели во рамки на болниците, а набавени се и 9 компјутерски томографи и 7 магнетни резонанци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...