fbpx

Филипче: За Велигден сите во целосен карантин, мора да издржиме сега за поскоро да живееме нормално

-

Во врска со претстојните велигденски празници, движењето на населението ќе биде сосема забрането, односно ставот е дека тогаш ќе важат истите мерки кои сега важат во време на викенд, со целосна рестрикција на движењето, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој на прес-конференцијата информираше за новозаболените лица, кои се вкупно на број 46 во текот на последното деноноќие.

– На Клиниката за инфективни болести примени се петмина нови пациенти. Во моментов вкупниот број на хоспитализирани лица е 68. Со потешка клиничка слика се 20, а седуммина се на репираторна машина. Таму се и мајка со нејзиното четиримесечно бебе, имаат стабилна слика клиничка, секој ден ја следи состојбата на бебето педијатар. Кај четворица пациенти се чека втор контролен тест, ако се негативни, тие си заминуваат дома. Петмина од 20 пациенти кои се во „8 Септември“ се во критична состојба. Во последното деноноќие направени се вкупно 341 тестирање – информира министерот.

Тој рече дека е во тек набавка на репиратори, како и постапка за набавка на 3.000 реагенси за лабораторијата на Институтот за јавно здравје. Досега на сметката на Министерството за здравство има 60 милиони денари од донации.

Филипче информира и дека притвореник во затворот во Шуто Оризари, починал од срцев удар, но иако немал симптоми на ковид-19, му бил направен тест постмортем, а резултатот бил позитивен. Сега се прават анкети на другите лица.

– Ние сме во фаза во која мерките се најстроги во смисла на рестрикција на движењето, но се подготвуваме и за периодот кога го очекуваме пикот. Потоа, постепено зависно од околностите, од бројот на новодијагностицирани пациенти, постепено ќе гледаме животот да се врати во нормала. Нема да може целокупниот живот така лесно да се врати со истиот интензитет во нормала, но искрено веруваме дека мерките кои ги преземаме ќе стават крај на ширењето на епидемијата – рече Филипче.

Тој уште еднаш апелира да се почитуваат сите мерки, а смета дека сме се` поблиску до целта која e поставена, а тоа е да се спречи ширењето.

– Ова е сериозен влог денес, во подобро здравје утре. Мислам дека го амортизиравме ударот врз здравствениот систем. Знаеме дека е ова тежок период. Времето е убаво, сите сме навикнати да бидеме надвор, но сега мора да издржиме да бидеме дома. Секој ден сме се посилни и само така ќе стигнеме до денот кога ќе може да кажеме дека сето ова вредеше и така нашиот живот да го вратиме во нормален колосек – додаде Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...