Архивска фотографија, Венко Филипче по средбата на Советот за безбедност кон крајот на октомври | Автор: Арбнора Мемети

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа објави на социјалните мрежи дека за неколку часа откако беше пуштена во употреба веб-страницата www.vakcinacija.mk 8.000 граѓани пријавиле интерес за вакцина против ковид-19.

„Сите апликации ќе бидат внесени во системот Мој Термин и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате својот матичен лекар дека сте се регистрирале. Според распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете. Во прва фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години. Сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија. Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација во нашата земја“, додаде министерот.

Инаку, самата веб-страница во текот на вчерашниот ден не функционираше правилно или беше целосно недостапна.