fbpx

Филипче: Во здравството лани 446 нови вработувања, за три години платите на специјалистите зголемени за 40 отсто

-

Во текот на минатата година се реализирани 446 нови вработувања во јавно-здравствени установи низ државата. Од почетокот на 2020 година, 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време, соопшти Министерството за здравство.

„Вложувањата во човечки капитал во здравството не застанаа ни во време на пандемија. Таа покажа колку се значајни здравствените работници, тие се столбот на нашето здравство. Со нови вработувања и со зголемувањата на платите создаваме услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја. Отворени сме за соработка со младите како никогаш досега”, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Во изминатите 3 години повеќе од 5.000 согласности се дадени за вработување во јавно-здравствените установи и за првпат се платени приватните специјализанти во висина од просечна плата на општ лекар со што се изедначуваат со статусот на нивните колеги.

Во септември 2018 година, на 19.123 вработени во јавно-здравствените установи се зголеми основицата за плата за 5 отсто, во јануари 2019 година следеше дополнително зголемување на платите на здравствените работници, доктори, медицински сестри, болничари, техничари, за 5 отсто за медицинските сестри, за 8 отсто на медицинските сестри на Клиниките и за 10 отсто за докторите специјалисти.

Во септември 2019 година за 5 отсто беше зголемена платата на администрацијата. Од февруари 2020 година, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25 отсто, додека пак на медицинските сестри за 10 отсто.

Кумулативно, заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40 отсто, на медицинските сестри меѓу 20 и 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, а на здравствени соработници за 15 отсто, информираат од ова министерство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...