fbpx

Филипче: Внесувајте храна богата со витамини за заштита од загадувањето на воздухот

-

Сите институции се насочени кон спроведување на мерки коишто ќе придонесат за намалување на загаденоста на воздухот, рече Министерот за здравство, Венко Филипче кој заедно со Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје денеска одржаа прес-конференција на којашто ги посочија препораките и советите на здравствените власти за заштита на граѓаните од загадувањето на воздухот.

Филипче советува да се ограничи движењето и активностите на отворен простор на најранливата популација (деца, повозрасни и хронично болни лица), како и за лицата коишто работат на отворено. Тој потенцира храната треба да биде богата со витамини и антиоксиданси, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија од својот лекар.

Ѓорѓев вели дека е клучно сите граѓани да го подобрат својот имунитет.

-Ефектите на здравјето, прво се на респираторниот систем, значи заштита на белодробниот систем, астматичарите било на која возраст треба да се и се под опсервација за зачестените астматични напади во овие услови. И секако избегнување на масовни собири, каде што во услови на аерозагадување концентрациите се високи во надворешен и внатрешен простор – исто така е една од препораките во овој период – вели Ѓорѓев.

Преку Системот „Мој термин“, здравствените власти веќе имаат доволно податоци во однос на бројот на ранливи категории на граѓани, а Филипче вели дека се прави план на кој начин и кому ќе бидат поделени 50 илјади заштитни маски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...