Филипче: Влегуваме во најкритичната фаза, ве молам да го поминеме празникот дома

-

Собирите во црква се апсолутно недозволиви. Такви собири се забранети, има за тоа и одлука на Влада, да нема собирање во групи поголеми од две лица. Ве молам, може празникот да го поминеме дома, влегуваме во најкритичната фаза, апелираше министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција која ја одржа од дома. Тој нагласи дека ако сега не се почитуваат мерките, без разлика кој е поводот, се дава шанса за следен пик за две недели отсега.

– Славењето дома е инвестиција во здравјето. Останувам на ставот дека не смее да има групирање на граѓаните и тие мора да се држат до препораките. Влегуваме во најкритичната фаза на епидемијата. Не смее овој број да порасне, не смеат да ни се јават нови пациенти. Собирање било каде е од огромен ризик, апелирам празникот да се прославиме соодветно на препораките. Според проценките, во пикот се очекува вкупниот број да достигне од 2.000 до 2.500 заразени пациенти. Веќе отсега, поминуваат доволен број недели кога очекуаме резултати и од рестриктивните мерки, веќе ќе имаме две цели недели после кои ќе ги очекуваме добрите резултати – рече министерот.

Тој од денеска се наоѓа во самоизолација откако вчера беше во контакт со градоначалникот на Куманово кој е позитивен на вирусот. Во самоизолација се и техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Арбер Адеми и вицепремиерот Бујар Османи.

– Вакво сценарио предвидовме дека може да се случи. Но, сите процеси остануваат под максимална координација со сите претставници на јавно-здравствените институции. Ќе бидам достапен за медиумите. На анкетата со епидемиолозите беше утврдено дека ризикот за зараза е мал заради маските, но сепак одлучив да работам од дома и да дадам пример на другите дека ова е начинот на кој треба да се постапува – рече министерот.

Во врска со ситуацијата во Куманово, каде денеска има 44 новозаразени пациенти, тој рече дека имало предлози за запирање на комуникацијата, но дека има околу 4.000 лица кои секојдневно патуваат на работа во Скопје. Утре ќе имаат состанок и ќе го разгледаат и ова прашање.

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...