fbpx

Филипче: Состојбата со ширење на ковид-19 се влошува, размислуваме за нови рестрикции

-

Состојбата со ширењето на ковид-19 се влошува и кај нас, но и во европските земји односно во земјите во светот. Британија, Чешка, Холандија, се само некои од земјите кои најавија нов пакет на рестриктивни мерки, а за такви мерки размислуваме и ние, рече на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Велика Британија планира нов национален карантин, Шкотска најави рестрикции, а во Израел се затворени градинки, училишта, трговски центри. Ова е нешто што го најавувавме и посочувавме дека септември е почеток на нов есенски бран. Според анализите, Скопје, Куманово, Тетово и Штип се градови со најмногу заболени. Вирусот е сè поприсутен меѓу популацијата кај оние кои имаат социјален живот – рече министерот.

Од анализите на епидемиолошките анкети се заклучува дека причина за ширењето на вирусот е непочитување на мерките, групирањето, семејните собири, прославите, свадбите кои се забранети, како и генерално, опуштањето на граѓаните. Филипче кажа дека летото заврши, а со тоа завршува и стабилниот период, па ризикот на есента е сериозен аларм.

– Мора да го заштитме и јавното здравје и здравствениот систем. Веќе започнавме, а во идниот период ќе ги засилиме контролите, сите инспекторати и институции интензивно ќе работат, состојбата да се сфати многу сериозно. Во план е воведување нови мерки. Целта е навремено да воведеме мерки кои ќе влијаат на сузбивање на ширење на вирусот. Целта е да се избегнат рестриктивни мерки со целосно затворање, но ако тоа биде нужно, ќе го направиме. Некои од мерките за кои се разговара е задолжителното носење маска и на отворено, ограничување на бројот на лица во угостителски објекти, силна контрола и казни за семејни прослави, прецизен протокол за дистанцата на седење и евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз. Свесни дека ќе се соочиме со есенски бран, го подготвуваме здравствениот систем, но системот не може без граѓаните и нивната поддршка – истакна Филипче.

Во однос на смртноста се прават анализи, кажа министерот, односно се анализира каде што се лекувале овие пациенти, кога дошле во болница, потоа се анализира возраста, какви симптоми имале.

– Ние сме сведоци на собири каде мерките не се почитуват, а за градинките и училиштата, таму има јасни протоколи и мерки. Не се внимава на собирите на кои мерките не се почитуваат, особено оние кои се со стоење. Затоа има препорака од минатата седница на Влада, да сите настани бидат со седење. На отворено капацитетот да е исполнет 50 посто, на затворено 30 отсто. Со маска и седење сите ќе бидат заштитени – додаде минисерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....