fbpx

Филипче: Со иста енергија ќе се бориме и против ширењето на лажни вести

-

Како што се бориме за зајакнувањето на здравствениот систем, исто толку енергично ќе се бориме и против ширењето на лажните вести, рече министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за наводна набавка на 50 респираторни машини по цена која е повисока од пазарната.

– Ќе се бориме против ширењето на лажни вести и против луѓето што тоа го прават заради тоа што тоа сериозно ја руши довербата на луѓето во нашиот здравствен систем и тоа се сериозни клевети кои ние нема да ги дозволиме – рече Филипче.

Прашањето од уредникот на порталот кој редовно публикува дезинформации се однесуваше на цената на респираторите.

– Ми стигна список од набавката за набавени 50 респираторни машини. На таа набавка сте ја избрале опцијата од 25.203 евра по респиратор модел „Флексимак плус“ од „Магнамед Бразил“, рече тој додавајќи дека истиот респиратор на интернет чинел 6.000 долари. На крајот праша дали воведувањето на вонредна состојба било потребно за да се спроведуваат вакви тендери.

Минисерот Филипче веднаш тврдењето дека набавката е извршена го окарактеризира како лажна вест.

-Треба да знаете дека Министерството за внатрешни работи има обврска да го прати ширењето на лажните вести посебно во оваа ситуација која што е многу осетлива која што граѓаните многу будно ја пратат и може да створи паника – рече Филипче.

Тој додаде дека да се каже деке е завршена некоја јавна набавка и е прифатена некоја несоодветно голема цена а тоа не е така, е сериозна клевета.

– Набавката не е завршена, допрва следи процесот на аукција, на намалување на цените и така натаму. Не е точно дека нешто се држи во тајност или се користи некаква ситуација, токму тоа што вие ги имате сите документи во рацете значи дека секој има пристап до сите документи, рече министерот за здравство потенцирајќи дека се почитуваат апсолутно сите законски прописи.

Според него, вондредната состојба е воведена со цел да се заштити здравјето на граѓаните.

– Тоа што јас излегувам секојдневно на пресови е со цел навремено и точно информирање на јавноста токму за да нема вакви шпекулации, обвинувања и клевети кои што прво може многу лошо да одекнат и да ја нарушат довербата на граѓаните во нашиот здравствен систем, рече Филипче.

Тој додаде дека властите се подготвени дополнително да ги заострат мерките во борбата против ширењето на Ковид-19.

– Внимавајте, ние имаме во оваа ситуација приближно 24 заболени на милион жители, Шпанија има 350. На нив им се заканува тоа што се случи во Италија. Тоа нас ни укажува дека ние сме добро организирани, дека добро го амортизиравме првичниот удар. Јас искрено се надевам дека вака блага ќе биде кривата на пораст на бројот на пациенти, дека тоа ќе биде постепено, дека здравствениот систем тоа ќе може да го организира, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Во моментов бројот на регистрирани заболени со Kовид-19 во земјава изнесува 48, а првиот случај беше откриен на 26 февруари. Најголем дел од заболените (30) се во регионот на Дебар каде е прогласена кризна состојба, 16 од заболените се во Скопје а од денеска по еден во Гостивар и Штип.

Владата неодамна прогласи вонредна состоба на територијата на целата држава, а лидерите на сите политички партии се сложија дека закажаните предвремени парламентарни избори за 12 април треба да се одложат.

Корона вирусот се појави во текот на декември минатата година во градот Вухан во Кина. Во оваа земја до сега се заразени повеќе од 81.000 лица, а починаа вкупно 3.249. Во Европа жариштето на вирусот е во Италија, каде до сега се регистрирани над 41.000 заболени лица, а починаа 3.405.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...