fbpx

Филипче се сретна со сопствениците на три приватни клиники пред прогласувањето кризна состојба

-

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево оствари работен состанок со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, информираат од Министерство за здравство.

„Разговорите беа конструктивни, а приватните болници изразија позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од страна на државата за справување со пандемијата. Со оглед на тоа што за прв пат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравствени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела. Дотогаш на формализирање на соработката работат тимовите од МЗ и на приватните болници,“ информираат од Министерство за здравство.

Вечерва се очекува Владата да прогласи кризна состојба а со тоа и се овозможува да менаџира и со приватните здравствени установи.

„Да појаснам, не станува збор за национализација, приватноста е уставно загарантирано право, туку можност Владата да управува, да менаџира со здравствените установи ако процени дека тоа е неопходно. Услугите кои приватните здравствени установи ќе ги дадат, ќе бидат компензирани од страна на државата, но законски не повеќе од 30 проценти од пазарната вредност,“ објасни вчера претседателот Стево Пендаровски, по завршувањето на седницата на Советот на безбедност, на која беше одлучено да се побара прогласување на кризна состојба за време на траење од 30 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...