Филипче предупреди на нетранспарентност и нерамноправност во стратешките проекти со Обединетото Кралство

Венко Филипче апелираше дека вакви капитални проекти, кои го надминуваат мандатот на една влада, мора да бидат предмет на поширок политички договор

-

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ изрази сериозна загриженост за транспарентноста и фер конкуренцијата при изборот на изведувачи за стратешките инфраструктурни проекти што треба да се реализираат во рамки на договорот за економска соработка со Обединетото Кралство.

„Законот за јавни набавки во овој случај нема да може да важи. Со самото тоа што однапред знаеме дека ќе учествуваат британски фирми, тоа значи дека многу веројатно тие се предодредени“, изјави Филипче, додавајќи дека досега нема никакви информации за содржината на договорот, иако станува збор за историски висока сума на задолжување под нејасни услови.

„Тоа што до сега не знаеме ништо за овој договор, тоа што се зборува за огромни суми пари колку што нашата земја досега никогаш не зајмила под засега непознати услови, навистина прави сомнеж за целиот процес“, рече Филипче.

Тој апелираше дека вакви капитални проекти, кои го надминуваат мандатот на една влада, мора да бидат предмет на поширок политички договор.

„Сметам дека за вакви проекти коишто однапред знаеме дека ќе се градат подолго време, треба да има надпартиски консензус“, истакна тој, потсетувајќи дека како министер за здравство иницирал заедничка работа на сите парламентарни партии за проектот за нов клинички центар – иницијатива што, според него, била блокирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Влада: Ќе има транспарентност, нема авансни исплати

Министерката за финансии и потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска, во истата емисија пред една седмица соопшти дека од вкупно најавените шест милијарди евра инвестиции, во првите пет години ќе се реализираат 2,2 милијарди евра. Средствата ќе се користат за изградба на брзата пруга Табановце – Гевгелија и за неколку нови болници.

„Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата“, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа увери дека изборот на компании ќе се спроведе според Законот за јавни набавки, со повеќе понуди и избор на најповолна. Деталите за вклучување на домашни подизведувачи ќе ги дефинира Министерството за транспорт и врски, додека исплатата ќе се врши по извршени работи, без аванс.

„Парите ќе ги влечеме така како што ќе реализираме. Изградиле еден дел, фактурираат, користиме средства од банката, плаќаме. И тоа ќе трае пет години“, објасни министерката.

Според неа, договорите ќе бидат јавни, а процесот ќе биде транспарентен и согласно законските процедури.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...