fbpx

Филипче повика да не се шират лажни вести за заболени од корона вирус во државава

-

Министерот за здравство, Венко Филипче, на неговиот твитер-профил повика да не се шират лажни вести за присуство на корона вирус во државата.

„На социјалните мрежи почнала да се шири лажна вест за идентификуван заболен од корона вирус во Скопје. Остро ја демантираме таа вест, во државава нема ниту еден случај на заболен од корона вирус. Бидете одговорни и не ширете лаги и паника во врска со корона вирус,“ напиша Филипче на неговиот твитер-профил.

Реакцијата на Филипче следуваше и откако на социјалните мрежи почнаа да се шират гласишта за пациент со корона вирус на Инфективна клиника, како и информации за зголемена безбедност околу неа.

„Што бараат специјални единици со митралези и борни коли пред Клинички центар? Има некој инфо?,“ праша професорката Тања Каракамишева на нејзиниот твитер-профил.

Пациентот кој пристигна од Милано со симптоми на грип, и синоќа беше тестиран на корона вирусот, е негативен.

Филипче апелираше граѓаните кои немаат потреба да патуваат во Северна Италија да го одложат патувањето, а владата денеска на седница ќе одлучува дали ќе се откажат екскурзиите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...