Филипче: Очекуваме за еден месец да има околу 2.000 заразени

-

За околу еден месец, го очекуваме пикот на корона вирусот кога очекуваме дека бројката на заболени ќе се искачи на 2.000 лица, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Тој информира дека во моментов бројката е 26 заболени лица.

– Состојбата на пациентите е стабилна, вклучително и состојбата на пациентката која е на респираторна машина, нема знаци за влошување на нејзината состојба. Вкупно досега има 26 заболени пациенти. Тестирани денеска се 10, позитивни се на тројца. Едниот имал симптоми една недела. Сега се изработуваат резултатите на членовите на семејствата. Има двајца сопружници кои дошле од Италија пред една недела и тие се на домашно лекување. 17 пациенти се лечат во Скопје и 9 се во Дебар. Капацитетот на Инфективната клиника е целосно подготвена за прием на нови пациенти. Првиот кат  не е исполнет, но целосно е подготвен и вториот кат за хоспитализирање. Денеска од Кинеската амбасада рекоа дека ќе ни помогнат со маски и респиратори – рече Филипче.

Тој информира дека ќе се зголеми бројот на автобуси во Скопје во претладневните часови, затоа што имаше информации во јавноста дека заради редуцираниот број автобуси, има повеќе патници во автобусите, што не е препорачливо.

– Епидемијата е во силен ек. Секоја епидемија има свој тек, има свој почеток, има пик на кривата и понатаму, спласнување. Очекувано е согласно сите овие епидемиолошки податоци, бројот на болни да се зголемува. Затоа е најбитно да се спречи локалната трансмисија. Ќе преземеме се што треба за да застанеме на патот на ширење на инфекцијата. Од сите нас зависи, и максимално сериозно мора да пристапиме кон ова прашање. Единствениот начин сите ние да се однесување одговорно – рече министерот.

Тој потсети дека заразата се шири кога здравствениот систем е оптоварен.

– Се надевам дека ќе немаме остар пик. Сакаме да ги заштитиме и здравствените работници, сега е клучно и тие да се здрави.

Не се сомнителни, односно нема поврзаност на сомнителни случаи со поранената директорка на клиниката за кожни болести.

На прашањето како да се однесуваат муслиманите кај кои, кога ќе почине лице, од пет до седум дена се собираат многу луѓе во еден простор, Филипче рече дека нема отстапки и дека апелите и пораките важат за сите.

– Никој не смее да помисли да ги прекрши правилата на однесување бидејќи сериозно ќе биде санкциониран. Никој не смее да си дозволи да го загрози јавното здравје. Ја разбирам емоцијата кога се губи близок, но апелирам погребите да се прават во кругот на најтесното семејство. Собирањето луѓе да го оставиме за подоцна – рече министерот.

Necromanser Eldritch -Diablo 4 -скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Експанзијата „Vessel of Hatred“ на Diablo 4 доби одлични критики од гејмерите

Излегувањето на експанзијата Vessel of Hatred на Diablo 4 наиде на голем број одлични критики од страна на гејмерите ширум светот и е експанзија што фановите ја очекуваа од...