fbpx

Филипче: Не сакаме да брзаме со физибилити-студијата за Итна помош

-

Група експерти ќе ја анализира физибилити-студија за јавно-приватно партнерство за Итната медицинска помош во земјава, и допрва ќе се гледа што таа содржи и засега нема да се брза со реализацијата на оваа идеја, изјави министерот за здравство Венко Филипче, пренесува Порталб.мк.

-Ќе направиме работна група, која треба да ја анализира физибилити студијата за јавно-приватно партнерство за Итната помош. Не знам какви се наодите, но не сакаме да брзаме. Откако ќе ја анализираат, меѓу другото и експерти во Итната помош, ќе ја дадеме и на јавна расправа – рече министерот.

Изминаа две седмици откако физибилити-студијата е подготвена. Таа чинеше 600.000 денари, за неа е потпишан и анекс-договор, но наодите од неа уште не се објавени јавно.

Идејата Итната медицинска помош во земјава да функционира по моделот јавно-приватно партнерство предизвика бран критики во јавноста и од лекарите, кои порачуваа дека така Итната помош ќе се приватизира и ќе дојде до колапс на медицинската нега.

Итната помош долго време е во незавидна положба, со стари возила и недоволно кадар, а исчекор беше направен неодамна, со набавка на 12 нови амбулантни возила што беа распределени во неколку Здравствени домови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Јавниот превоз утре ќе функционира по неделен возен ред

Утре јавниот превоз во градот ќе функционира по неделен возен ред, а жичарницата нема да работи, информираат во јавното сообраќајно претпријатие - Скопје. „Дежурни од 7 до 14 часот ќе...