fbpx

Филипче не генерализираше дека пациентите заболени од корона вирусот се со лесна слика

-

Текстот уште со насловот ја дезинформира јавноста, бидејќи министерот за здравство, Венко Филипче во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“ воопшто не генерализираше дека пациентите заболени од корона вирусот се со лесна слика, пишува „КриТинк“.

Филипче уште на почетокот на емисијата најпрво опширно говореше за најтешката форма на болеста, а дури потоа се надоврза дека наспроти компликациите кои можат да настанат и смртноста, голем процент од заразените пациенти имаат лесен тек на болеста.

Притоа објаснува дека сè уште се анализираат клиничките ситуации, зошто кај некои пациенти има лесна, кај други средна а кај трети тешка форма на болеста.

„За жал имаме и млади пациенти со целосно бришана структура на црниот дроб, а тоа се детектира на ехо, односно на наодот на Клиниката за инфективни болести. И еден многу типичен наод, на целосно пореметена структура на белите дробови, афектирано и до најситното ниво на структура на белите дробови. На некој начин распад на ткивото. И тоа е состојба од која нема враќање назад, без разлика на тоа, за каков тип на лекување станува збор, каква терапија, дали станува збор за респираторна машина или не, значи еден страшен тек на болеста,“ наведува Филипче во интервјуто.

И дури откако министерот го кажа тешкиот тек на болеста, посочи дека „огромен процент близу 60-70% имаат лесен тек на болеста и поминува како горно респираторна болест, како настинка, како обичен сезонски грип, едно средна тешка форма која апсолутно може да има излекување.“ Односно, го кажа делот којшто во овој напис намерно е изваден од контекст.

Ваквиот нагласено селективен пристап и наменско користење на одделни парчиња од неговиот настап, се прави со цел во јавноста да се создаде впечаток дека и покрај тешката ситуација со корона вирусот, министерот има „лефтерен“ пристап.

Пациенти од корона вирусот умираат, не само кај нас, туку во цел свет. Ама овој текст, за жал, го злоупотребува случајот со 45 годишниот починат пациент за да го дискредитира министерот за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...