fbpx

Филипче ја најави модуларната болница во Штип за крајот на јануари, медицинарите ќе добијат по 30.000 денари

-

Се поставуваат монтажните бараки во кругот на Клиничката болница во Штип, каде ќе бидат сместени 46 кревети, дијагностички лаборатории, монтажни дигитални рентген и ехо апарати, како и посебен оддел за персоналот. Модуларната болница ќе има централен довод на кислород. Тука, на крајот на јануари следната година, се очекува да бидат префрлени сите пациенти заболени со ковид, со цел да се ослободи инфективното одделение, каде треба да започне реконструкцијата, што беше одложена поради ковид кризата.

Ова денеска во Штип го најави министерот за здравство, Венко Филипче, кој соопшти дека парите се обезбедени преку заем од Светска банка.

„Вкупниот заем е 100 милиони долари, од кои директно за здравството се наменети 34 милиони долари. Со овие средства се градат и се опремуваат модуларните болници, набавени се тестови за ковид, за лекови и за наградата за здравствените работници, кои работат со пациенти со ковид. A, 7.600 вработени во јавното здравство, медицински сестри и техничари, доктори, болничари и друг помошен персонал, ќе добијат по 30.000 денари“, изјави Филипче.

Во Штип се поставува една од приоритетните модуларни болници, а меѓу градовите со приоритет се Куманово, Струга, Кичево и Струмица.

Што се однесува до изградбата на новата Клиничка болница во Штип, која според најавите пред две ипол години, требаше да биде готова до крајот на оваа година, министерот Филипче рече дека е надминат застојот и наскоро почнуваат работите во објектот.

„Тогаш бевме соочени со одредени проблеми што ги надминавме. Сега не запре и оваа криза во 2020 година. Така што, административните проблеми кои се наметнаа, се обидуваме да ги надминеме. Се надмина и проблемот со ревизија на проектот, се доправува фасадата и ќе може да се почне со работите внатре“, одговори Филипче.

Одговорајќи на новинарско прашање за тоа до каде се истрагите за починатите пациенти од ковид, чии семесјтва побараа одговорност, министерот рече дека Лекарската комора завршила два надзора, од кои еден е за пациентката од Берово, која почина на инфективното одделение во Штип. Од Лекарската комора се очекуваат извештаи за уште пет надзори што се во тек.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...