fbpx

Филипче: Бројките растат, ќе има и затегање на мерките ако овие не дадат резултат

-

Се наоѓаме во трет бран од почетокот на пандемијата. Во изминатиот месец имаме постојан раст на бројот на активни случаи. Според Институтот за јавно здравје, имаме 11.889 активни случаи и имаме раст од 5.000 нови случаи во последниот месец. Имаме околу 1.100 пополнети болнички места. Притисокот во Скопје беше голем и правевме систем на менаџирање и координација на сите здравствени установи, па сите интерни клиники сега се ковид-центри, а и многу одделенија низ државата се пренаменети во ковид-центри.

Ова го истакна денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Тој кажа дека сега не е време за попуштање на рестриктивните мерки, односно дека ќе има дури и затегање на мерките ако овие не ги дадат очекуваните резултати.

„Во однос на вакцините, успешно тече вакцинацијата на здравствените работници. Имајќи предвид дека сега е висок ризикот да се заразат заради зголемениотобем на работа кој го имаат, добро е што се вакцинираат. До крајот на овој месец очекуваме да профункционира ковакс системот преку кој ќе стигнат 100 илјади вакцини. Интензивно разговараме и со кинеските и со руските претставници за овие вакцини. Војна е за вакцини, побарувачката е голема, неизвесноста е голема секаде во светот. Пристапивме навремено, но за жал немањето доволно количини го прави своето и затоа се доцни со испораката“, рече министерот и потенцира дека сите вакцини кои ќе влезат во нашата земја ќе бидат безбедни за граѓаните.

Филипче негираше дека не се примаат пациенти со висока температура во здравствените установи. Филпче посочи дека:

„Не е точно дека пациенти не се примаат на хоспитализација. Можно е да има чекање да се ослободи некое место за да се прими друг, или пак, да се случи пренасочување од едно место на друго, но не е точно дека пациенти не се примаат“.

Прашан за тоа, дали ќе се бара карантин за вицепремиерот Љупчо Николовски кој е во Дубаи, како и за Драги Рашковски кој е во Мексико, Филипче кажа дека карантин е препорачан само за луѓе кои патуваат во Африка.

„Причина за тоа е евентуална трансмисија на јужноафиканскиот сој, кој се карактеризира по тоа што се пренесува многу брзо и сè уште не се знае ефектот на вакцините“, рече тој.

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, кажа дека од Комисијата било побарано да даде протокол за тоа како трeба да се спроведе пописот.

„Комисијата направи предлог протокол кој го дадовме до Државниот завод за статистика како и до Министерството за здравство. Дали ќе се одржи попис или не, тоа е политичка одлука. Точно е дека имаме зголемен број на заболувања, но ситуацијата може да се менаџира. Ако ме прашувате дали Комисијата стои зад одредени одлуки во државата за тоа, дали ќе има попис или не, Комисијата не се занимава со тоа, туку со тоа се занимаваат државните институции – рече тој.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...