fbpx

Филипче: Бидете амбасадори на имунизацијата

-

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во видео обраќање до граѓани порача дека по три силни брана вирусот конечно стивнува и дека сега го имаме најсилното оружје за борба со вирусот – вакцината.

„Само со масовна вакцинација на што поголем број граѓани ние ќе спасиме човечки животи и ќе ставиме крај на пандемијата“, порача тој.

Министерот вели дека вакцинацијата е единствениот начин да го вратиме животот онаков каков што го знаеме, да ги вратиме дружбите, прославите и забавите.

„Колку побрзо и повеќе граѓаните се вакцинираат толку побрзо ќе ги прославуваме поводите за радост, родендените на саканите и свадбите на блиските. Вакцинацијата ни ја враќа слободата да ги прегрнеме нашите блиски, роднини, баби и дедовци“, вели Филипче.

Тој ги повикува сите граѓани да бидат амбасадори на имунизацијата и во што поголем број да се пријавата на сајтот www.vakicnacija.mk и да ги поттикнат и убедат своите сограѓани да го направат истото.

„Разговарајте со вашите пријатели и блиски или со оние кои се уште се двоумат дали да се вакцинираат и пренесете има ја пораката зошто е важно секој да се вакцинира. Бидете амбасадори на имунизацијата која значи враќање на безбедноста и слободата. Да си помогнеме себеси и на другите, да се вакцинираме и да се заштитиме“, истакнува министерот Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...