fbpx

Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

-

Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а својата одлука ја соопшти во вечерашната емисија „Само вистина“ на телевизија „Канал 5“.

– Ова е една од најсериозните одлуки во мојот живот. Долго време размислував, имав разговори со многу значајни луѓе во мојот живот, почнувајќи од семејството, угледни интелектуалци и членови на партијата, луѓе со корени во историјата на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија и донесов одлука да се кандидирам за претседател на ВМРО-ДПМНЕ – изјави Петровски.

По најавата за оставка на лидерот Никола Груевски, вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за избор на нов лидер ќе се одржи на 23 декември. Петровски порача да се биде внимателен при организацијата на конгресот и побара тој да биде демократски.

– Никој да не се обраќа на делегатите со притисок, како да гласаат. Барам конгресот да биде демократски, ние сме демократска партија. Сите делегати треба да имаат свое лично право да се произнесат за кандидатите, во спротивно, ќе имаме црна дамка, а ВМРО-ДПМНЕ нема да може да се извлече од длабоката политичка и идеолошка криза, во која е западната – додаде Петровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...