fbpx

ФФМ повика на прослава: Се гледаме денеска на плоштад „Македонија“

-

Фудбалската федерација на Македонија преку Фејсбук денеска ги повика граѓаните повторно да се соберат на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Прославата за дочекот на репрезентацијата на Македонија попладнево ќе започне во 18:30 часот.

Според досегашните информации, фудбалската репрезентација на Македонија ќе пристигне околу 17:30 часот со летот од Палермо, по што фудбалерите ќе се упатат кон центарот на Скопје.

Сепак, иако има навивачи кои се подготвени да слават уште неколку дена, на постот на ФФМ има и граѓани кои повикуваат прославата да се откаже, а фудбалерите да се одморат за најбитниот натпревар, којшто нашите фудбалери ќе го играат во вторник против Португалија.

Инаку, победата на македонската репрезентација над Италија и вчера се прославуваше ширум земјата, а прославата во главниот град ја проследија повеќе светски медиуми.

„Навивачите на Северна Македонија „полудеа“ по историската победа против Италија. Илјадници луѓе се собраа во центарот на Скопје за да ја прослават победата на репрезентацијата против Италија во мечот од квалификациите за Светското првенство во Палермо. Со скандирање Македонија, веење на државните знамиња и палење факели, навивачите славеа во текот на целата ноќ“, објави Еуроњуз. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...