Фестивалот „Стрип Трип“ објави повик за волонтери

„Претходно волонтерско искуство не е неопходно, но љубов кон стрипот дефинитивно е!“ - нагласуваат организаторите на фестивалот кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје

Повик за волонтери од фестивалот „СТРИП ТРИП“, промотивна илустрација.

„Стрип Трип“, единствениот фестивал за стрипови во земјава, кој годинава се одржува во Скопје од 6 до 8 јуни, објави повик за волонтери.

Организаторите од здружението „Макстрипови“ објавија повик како и минатата година, за дел од организациските работи е предвидено да учествуваат и неплатени волонтери, кои би помогнале во завршните подготовки на фестивалот и при неговото спроведување.

Покрај можноста да придонесат кон заедницата, волонтерите ќе имаат можност да се запознаат со претставниците на стрип сцената, да се забавуваат и да стекнат едно поинакво искуство.

„Претходно волонтерско искуство не е неопходно, но љубов кон стрипот дефинитивно е!“ – нагласуваат организаторите на фестивалот кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје.

За пријавување и повеќе информации се врши преку електронска пошта на [email protected].

Организаторите на „Стрип Трип“ во меѓувреме објавија и повеќе информации и за наградниот конкурс за краток стрип, кој завршува на 25 мај. Првата награда ќе биде парична во износ од 10.000 денари, додека втората и третата награда се ваучери во стрип-книжарницата „Бункер“ во износ од 6.000 и 3.000 денари.

Досега објавената програма за годинашното издание на „СТРИП ТРИП“ предвидува гостувања на низа современи автори и дејци од областа на стрипот. Меѓу нив се Рајнхард Клајст (Германија), Гани Сундури (Косово), Марко Дјешка (Хрватска) и македонските уметници Наташа Андонова, Филип Алексовски, Александар Сотировски, Матеј Богдановски, Смиле Цветановски, и Стефан Николовски.