Пролетниот програмски блок на тринаесетото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво, па женско“ што ќе се случува на 30 и 31 мај и на 5, 12, 14 и 17 јуни во Киното на Железничката зграда во Младинскиот културен центар, Кафе книжарницата „Буква“ и во КСП Јадро во Скопје, информираат од организацијата Тиииит! Инк.
„Нема ослободување додека не бидат слободни сите исклучени, замолчени, протерани, угнетени и потчинети. Никој нема да дојде да нѐ спаси. Ќе се спасиме само едни со други. Годинава „Прво, па женско“ е поддржанo од Фондацијата Квина тил Kвина, Глобалниот фонд за жени и Фондот за Еднаквост, а пролетниот програмски блок се реалзира во соработка со „Кино ансин“ од Хрватска и локалните партнери Факултет за работи што не се учат“, пишува во соопштението.
