Фестивалот „Get EXITed“ в среда со десетчасовна програма во Струмица

Фото: Општина Струмица

В среда, во организација на организацијата „Егзит“, во Струмица ќе се одржи голема еднодневна забава – музичкиот настан наречен „Get EXITed“. Во рамки на настанот ќе настапат повеќе музички имиња од регионалната и светската електронска музичка сцена, меѓу кои Дебора де Лука, Махмут Орхан, Сенида и Кристијан Молнар.

Програмата на фестивалот е предвидено да започне во 18 часот, а да заврши во 4 часот наутро.

„GetEXITED“ е дел од регионалниот Фестивал на храна и вино, кој се одржува во Струмица во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Од Владата на Република Северна Македонија соопштија дека по успешната реализација на првиот Меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска винарија на Отворен Балкан“, што од 1 до 4 септември се одржа во Белград, промоцијата на најдобрите вина и автентичната храна од земјава ќе продолжат во Струмица.

Фестивалот на храна и вино ќе биде отворен бесплатно за сите посетители и ќе се одржи во Градскиот парк во Струмица. На фестивалот ќе настапат култниот македонски бенд 21 век, Дина Јашари, World music составот од Струмица, Џамбо Агушеви Оркестар, како и диџеите Гоце С.А.Ф и Чавре.