Ферари повторно најбрз, Хамилтон ги прекина тестирањата поради болест

-

Возачот на тимот на Ферари во Формула 1, Кими Раиконен, денеска беше најбрз на тестовите на патеката „Каталуња“, додека возачот на Мерцедес и светски шампион, Луис Хамилтон, поради болест мораше да ги прекине тестирањата, пренесува „Спорт клуб“.

Како што соопштиле од тимот на Мерцедес, Хамилтон на патеката минал помалку од два часа и извозел само 11 круга пред да ја напушти патеката поради болест.

„Луис Хамилтон не се чувствува добро и денеска не може да ги продолжи тестовите“, наведе германската екипа во официјалното соопштение за јавноста, објавено на нејзиниот официјален твитер-профил.

Тимот на Ферари продолжува со добрите резултати на тестирањата, пред почетокот на новата сезона, откако беше најбрз и на претходните тестирања во Херез.

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од една стара...

Депонија за стари возила во близина на Полициската станица и на Основниот суд Куманово, надлежните ветија решение

Просторот кој се наоѓа зад Основниот суд Куманово и во близина на Полициската станица е претворен во напуштен простор каде со месеци се паркирани многу стари возила. Граѓаните бараат тој простор...

Израел ослободи повеќе од деведесет Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим, според податоците...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од...