fbpx

Феминистичкиот активизам е важен за траен мир, порачаа учесничките на феминистичката мировна конференција

Пораката која беше пренесена во дискусиите и обраќањата на активистките од Македонија, земјите во регионот како и Ирак, Јужен Кавказ, Шведска и Украина, беше дека жените имаат можност и право на мир

-

Шведската фондација „Квина тил Квина“, која слави 30 години од своето основање во Западен Балкан, организираше феминистичка мировна конференција на Западен Балкан, која траеше од 21 до 23 март. На настанот присуствуваа претставници на партнерските организации, кои се осврнаа на улогата на жените и феминистичките организации во градењето на мир и трансформацијата на конфликти.

Пораката која беше пренесена во дискусиите и обраќањата на активистките од Македонија, земјите во регионот како и Ирак, Јужен Кавказ, Шведска и Украина, беше дека жените имаат можност и право на мир и дека тие можат да направиме сѐ што е во нивна моќ да изградат подобра иднина на траен мир за сите – феминистички мир.

„Сите тие креираа заеднички пораки за застапување на нивните гледишта нагласувајќи ги нивните барања до меѓународната заедница и носителите на одлуки во регионот и пошироко“, наведено е во соопштението на Фондацијата.

Генералната секретарка на „Квина тил Квина“, Петра Тотерман Андорф, потенцира дека „феминистичкиот мир подразбира инклузивност и безбедност за сите, и пред сѐ тоа е единство кое дозволува разноликост“.

Вчера, на последниот ден од конференцијата присуствуваше и шведската амбасадорка во Северна Македонија, Ами Ларсон Џеин која ја нагласи потребата жените-бранителки на човековите права да се одбранат, а воедно и да вложат заложби жените да учествуваат во постигнувањето на одржлив мир.

Амбасадорката, првата дама на Северна Македонија Елизабета Ѓоргиевска и повеќе од 60 преставници на меѓународните организации, се запознаа со активистите коишто ги споделија своите искуства и експертизи и кои говореа за потребата што побрзо да се инвестира во феминистичкиот мир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...