fbpx

Феми Кути премиерно со Македонската филхармонија во Градски парк

-

Реномираниот џез-музичар Феми Кути со Македонска филхармонија ќе одржи концерт на 7 јуни, информираа денеска на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и директорот Македонската филхармонија, Виктор Илиески.

Шилегов го најави и утрешното емитување на македонскиот филм Исцелител, на отворена сцена во Градскиот парк. Филмот е добитник на 9 меѓународни награди, од кои 5 за најдобар филм.

– Исцелител е најпродаван филм, а овој пат на граѓаните им овозможуваме да го гледаат бесплатно. Проекцијата на филмот ќе биде во стариот дел од Градскиот парк, зад споменикот на Гоце Делчев каде што МКЦ ќе постави перници за седење – рече Шилегов.

Македонска филхармонија ќе одржи концерт во Градски парк и на 22 јуни, а ќе се изведуваат нумерите на светски познатиот бенд Квин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...