Околу 20 милиони Американци можеле на „Инстаграм“ да видат содржини креирани од руски оператори пред американските избори, објави „Фејсбук“.

Податоците се изнесени во рамки на истрагата пред разузнавачкиот одбор на американскиот Сенат, за тоа како Русија ги користела социјалните мрежи за да се обиде да влијае на изборите во САД.

Одборот ги сослуша претставниците на „Фејсбук“, „Твитер“ и на „Гугл“ во врска со овие прашања.

Правниот директор на „Фејсбук“, Колин Треч, за време на сослушувањето рекол дека околу 16 милиони Американци можно е да биле изложени на руските информации преку „Инстаграм“ од почетокот на октомври 2016 година, а пред тоа тие материјали ги виделе четири милиони корисници.

Компанијата „Фејсбук“ претходно неделава објави дека 126 милиони корисници на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“ виделе такви содржини во текот на 2015 и 2016 година.

Вкупно околу 150 милиони лица биле изложени на руските дезинформации на овие две платформи, рече Стреч.