Технологија Гаџети „Фејсбук“ овозможува пребарување на објави

„Фејсбук“ овозможува пребарување на објави

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека неделава ќе воведе нова опција во својата алатка за пребарување. Освен групи, страници и лица, отсега ќе може да се пребаруваат и објави на корисници.

Во рамки на алатката која ја покрева познатата „граф срч“, сега се наоѓа и можноста за пребарување според клучни зборови, без потреба за долготрајно „скролање“ низ сопствениот или туѓиот времеплов.

Резултатите од пребарување и понатаму се персонализирани и се прикажуваат само објавите кои корисникот може да ги види.