Фејсбук го менува изгледот – отсега на главниот „Feed“ ќе се прикажуваат повеќе нови содржини, наместо објави од пријателите

Фото: Kaboompics.com на Pexels

Фејсбук платформата на Мета ќе го менува редоследот на содржини, отсега наместо објави од пријателите на корисниците најпрво ќе се генерираат нови објави од други корисници со цел да се открива што повеќе нова содржина, јавува Ројтерс.

Со овој нов изглед на главниот „фид“ на Фејсбук, Мета со цел да ја привлече помладата публика повторно на Фејсбук, се стреми кон стилизирање на платформата според социјалната мрежа ТикТок каде постојано се појавуваат нови видеа од корисници што не се следат меѓу себе.

Извршниот одбор на Мета во последните неколку месеци значително го зајакнал моделот на „Рилс“ продуктите што е исто така сличен на кратките видеа на ТикТок што постојано влече млада публика.

Од компанијата информираат дека новото поле „Feeds“ што ќе биде одделено од полето „Почетна“ ќе создаде одбивност кон стариот пристап кон Фејсбук каде постојано се појавуваат објави од пријатели на корисниците или профили што тие ги следат.

Најголемата светска компанија за социјални медиуми во последниве месеци го зголеми својот интерес да се приклучи кон вметнување на препорачаните алгоритми, особено по заканата од ТикТок што станува сè попопуларна апликација меѓу младите.

За разлика од 2018 кога Фејсбук одлучи да прикажува што повеќе содржини од пријателите на корисникот, сега Мета прави спортивен чекор.

Исто така, покрај Фејсбук и Инстаграм ја зајакнува позицијата на своите „Рилс“ видеа по што постојано воведува новитети и нови можности за корисниците полесно да креираат вакви видеа.

Сите видеа на Инстаграм пократки од 15 минути отсега ќе се споделуваат како „Рилс“