Федерален судија ѝ нареди на администрацијата на Трамп да ги „одмрзне“ средствата за стотици организации

Оваа одлука привремено ја блокира администрацијата на Трамп да ги поништи договорите и грантовите за странска помош што биле склучени пред тој да стапи на функција на 20 јануари

-

Федерален судија ѝ нареди администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги „одмрзне“ средствата за стотици странски организации кои тврдат дека биле негативно погодени од 90-дневното целосно замрзнување, објави Ројтерс.

Оваа одлука привремено ја блокира администрацијата на Трамп да ги поништи договорите и грантовите за странска помош што биле склучени пред тој да стапи на функција на 20 јануари.

Ова беше првата таква пресуда што го поништува замрзнувањето на средствата за странска помош од страна на Трамп. Пресудата беше донесена по тужбата поднесена од две здравствени организации кои добиваат американско финансирање за програми во странство.

Трамп се обиде да затвори владини агенции, вклучително и Американската агенција за меѓународен развој (USAID), во рамките на неговите напори за голема реформа на владата, а на својот сојузник милијардер, Илон Маск, му довери задача за кратење на трошоците.

Целта на суспензијата на целата странска помош беше да се овозможи преглед на програмите за нивната ефикасност и усогласеност со приоритетите, напиша судијата Амир Али во документ поднесен до Окружниот суд на САД во Вашингтон.

Тој додаде: „Барем засега, обвинетите не понудија никакво објаснување зошто целосната суспензија на сите средства за странска помош, одобрени од Конгресот, што предизвика шок и наруши илјадници договори со бизниси, непрофитни организации и институции низ целата земја, беше рационален чекор пред разгледување на програмите.“

Трамп, исто така, им нареди на агенциите да се подготват за широки кратења на работните места, а неколку веќе започнаа да отпуштаат неодамна вработени кои немаат целосна работна сигурност.

Републиканецот отпушти и отстрани стотици државни службеници и високи претставници во агенциите како прв чекор кон намалување на бирократијата и назначување на лојални кадри.

ИзворРојтерс

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...