fbpx

Фејсбук избриша спорни 122 профили и страници „со потекло“ од Русија

-

Фејсбук соопшти минатата седмица дека избришал 122 профили, страници, групи и профили на Инстаграм од Русија коишто ја прекршиле неговата политика за странско или владино вмешување. Според интерната истрага на Фејсбук, мрежата била поврзана со руското воено разузнавање и примарната цел биле Украина и други земји-сосетки на Русија од регионот.

Функционирањето на оваа мрежа се карактеризира со голема тактичка софистицираност насочена кон заобиколување на капацитетите за мониторинг на Фејсбук и затскривање на потеклото. Пoединците што биле вклучени во новооткриената мрежа се претставувале како локални граѓани и користеле лажни профили за да управуваат со неколку групи или страници и да оставаат коментари на разични места.

Најголем дел од ваквите активности се случувале во 2016 и 2017 година, и иако некои биле претходни откриени и избришани од автоматизираниот мониторинг на Фејсбук, одреден дел останале активни до минатата седмица.

Некои од профилите тврделе дека се граѓански новинари и ги користеле лажните идентитети за контактираат со политичари, новинари и други истакнатите јавни личности во Украина и други земји обидувајќи се да подметнуваат лажни стории за политичко спорни прашања. Од профилите исто така се објавувале содржини, обично на руски, англиски или украински јазик, во врска со локалните вести, но и со меѓународни значајните настани, како уривањето на авионот на Малејжа ерлајнс во Украина во 2014 година, руското воено учество во Сирија и наводните „протекување“ од Службата за државна безбедност на Украина (СБУ) поврзано со етнички тензии на Крим.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...