fbpx

Фатос Нано ќе формира нова партија

-

Поранешниот премиер на Албанија и лидер на Социјалистичката партија, Фатос Нано, одлучи да се врати на политичка сцена со нова политичка партија, во која ќе ги собере незадоволните членови од политиката што ја води актуелниот социјалистички лидер и премиер, Еди Рама.

„Еден од незадоволните, кој се очекува да се приклучи кон партијата на Нано е и Бен Блуши, а се споменуваат и Арбен Малај, поранешен министер за финансии, и Реџеп Мејдани, поранешен претседател на Албанија, како и други видни личности од редовите на социјалистичката партија“, пишува весникот „Шќиптарја“.

Иницијативниот одбор, во кој засега се познати имињата на Нано и на Блуши, активностите за формирање на партијата ги почнуваат набргу, а партијата ќе биде формирана по локалните избори закажани за 21 јуни. Како ќе биде именуван новиот политички субјект, засега останува непознато.

Фатос Нано (63) кој Социјалистичката партија ја раководеше петнаесет години, се повлече од лидерската функција по поразот на парламентарните избори во 2005 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...