fbpx

Фактоје: Бидете претпазливи кога читате онлајн третмани за лекување на ковид-19

-

Во време на кризи како што е актуелната пандемија, онлајн информациите ги има во изобилие и стигнуваат до целната публика во голем обем и наеднаш. Таков е случајот со разни третмани кои можат да излечат коронавирус во домашни услови, пишува Фактоје.ал во однос на тоа што објавуваат медиумите во Албанија, а пренесува Порталб.мк

Ова се некои од случаите што Фактоје ги забележа на Интернет:

Или Мерја: Ова е лекот од 10 точки што го лечи коронавирусот во домашни услови консумирајте ја и оваa храна

Случај 1: Алтернативна медицина

Првиот случај се однесува на алтернативната медицина. Докторот за кој станува збор сугерира заболените од ковид-19 да конзумираат прополис од оригано. Всушност, постои злоупотреба од страна на порталот што употребил бомбастичен наслов дека прополисот од оригано ја лекува болеста која ја предизвикува вирусот.

Според Националниот центар за комплементарно и интегративно здравје во САД, „нема научни докази дека било кој од овие алтернативни лекови може да го спречи или излечи ковид-19. Всушност, некои од нив можеби не се безбедни за конзумирање“.

Зборува албанска докторка од Америка: Не чекајте за лекови, туку консумирајте ја оваа храна за корона вирусот, бидете претпазливи со шеќерите

Случај 2: Повик да не се земат лекови

Вториот случај е повик да не се земаат лекови. Всушност, ако го прочитате текстот, докторката не вели така, туку дека потребна е диета (и зборува општо), да се зема витамин Ц и да се минимизираат шеќерите. Па така, порталот што ја објави оваа „вест“ ги злоупотреби изјавите на лекарката, предизвикувајќи конфузија кај болните. Во светски рамки, за одредени фази на ковид-19 се препорачуваат Парацетамол или Аспирин, додадено на ова и витамин Ц и Д. Затоа бидете будни и да не потпаѓајте под влијание на вакви наслови.

Италијански доктор го дава рецептот како да се лекувате сами од ковид-19 во домашни услови

Случај 3: Случајот на италијанскиот доктор Басети

Третиот случај е оној на италијанскиот лекар Басети кој повикува ковид-19 да се лекува дома. Многу медиуми ја споделија оваа информација што лекарот ја објави јавно преку Интернет. Тоа всушност не е рецепт, туку упатство за тоа како да се третира коронавирусот од дома.

Упатство:
– Асимптоматски случаи: не е пропишана терапија.
– Случаи со благи симптоми (температура не повисока од 38 °C и /или благи респираторни симптоми).
Користете парацетамол, ибупрофен или ацетилсалицилна киселина ако немате контраиндикации.
– Случаи со умерени симптоми (континуирана температура > 38,5 °C за 96 часа, односно 4 дена со кашлица и отежнато дишење, но нивото на кислород при мирување треба да биде ≥ 93% или ≥ 90% кај пациенти со хронични заболувања на белите дробови).
– Користете парацетамол, ибупрофен или ацетилсалицилна киселина ако немате контраиндикации.
– Хепарин ако возраста > 60 години, со мала подвижност или присуство на други фактори на ризик.
– Антибиотска терапија која се проценува од случај до случај врз основа на функцијата на белите дробови (да не започне со првите симптомите, туку во случај на сомневање за бактериска суперинфекција).
– Кортизон се предлага само 5-7 дена по појавата на симптомите (за да се избегнат оние кои не покажуваат знаци на оштетување на дишењето).

Ваквите третмани не треба да се применуваат во никој случај без консултација со лекар. Претходно, Министерството за здравство на Албанија издаде водич за тоа како да се третираат случаи со коронавирус дома.

Автор:
Мерџан Даци

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...