fbpx

Фактоје: Авионите на небо, аеродромот во Валона во калта

-

Албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје” оцени важно ветувања на Владата на Еди Рама, за изградба на аеродром во Валона.

Албанскиот премиер Рама пред скоро една година вети дека активностите за изградба на аеродромот во Валона ќе започнат во 2019 година. Според проверката на „Фактоје”, не само што не започнале, туку дури вчера (19.12.2019) беше официјално отворен тендерот за овој проект. Според владата, новиот рок за започнување со градежните работи е 31 мај 2020 година.

Написот е придружен и со видео материјал на новинарка на “Фактоје”, која известува од местото каде што требаше да се гради аеродромот, а од снимките се гледа дека таму нема градежни активности. Понатаму во видео материјалот се објавени изјави на премиерот Рама и на заменик-министерот за инфраструктура, Артан Шкрели, во кои тврдат дека изградбата на аеродромот во Валона ќе започне во текот на 2019 година, како и 3Д презентации на аеродромот.

Според горенаведената проверка, „Фактоје” ова ветување го оцени како неисполнето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...