Албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје“, неодамна (05.12.2019) ја aнализираше изјавата на раководителот на Катедрата за сеизмологија при Институтот за геолошки науки, енергија, животна средина и вода, Реџеп Коци, дадена три недели пред катастрофалниот земјотрес на 26 ноември.

На околу 20 дена пред земјотресот, професорот Коци во интервју за телевизијата „Клан“ алармираше дека техничката инфраструктура на ова одделение е премногу стара и е потребна интервенција пред да излезе од употреба.

„Фактоје“, се заинтересира за ова прашање и дозна дека во 2007 година Албанија имаше Институт за сеизмологија. Но, со одлука на владата на Сали Бериша од 4 април истата година институтот беше интегриран во Политехничкиот универзитет во Тирана, но со намален буџет и со што се намалија и можностите за научни студии.

Потпирајќи се на ваквите информации, “Фактоје” ова изјава на професор Коци ја оцени како вистина.