Депонијата Порто Романо во Драч требаше да биде затворена есента 2019 година и да започнат работите за изградба на зелен парк. Но,  албанскиот сервис за проверка на факти Фактоје констатираше дека ова ветување не е исполнето и Порто Романо е полна со тони отпадоци кои ја загадуваат целата област.

Имено, во јуни 2018 година, премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека депонијата во Порто Романо, Драч, ќе се претвори во зелен парк во рок од 18 месеци. Во текот на 2019 година, кога требаше да се затвори оваа депонија, според Фактоје ништо не се смени и не започна нејзиното расчистување, а сметот од градот Драч продолжи таму да се депонира.

По земјотресот во Албанија на 26 ноември (2019), премиерот Рама даде уште едно ветување за трансформација на оваа депонија во „Еко парк“, овојпат со рок до 1 јуни 2021 година.

Имајќи го предвид сето ова, Фактоје оцени дека ова ветување на Рама е неисполнето, и најави следење на новиот рок за реализација на ветувањето, односно претворањето на депонијата во Драч во Еко парк.