Албанскиот сервис за проверка на фактите „Фактоје“ во својата неодамнешна анализа ја проверува вистинитоста на изјавата на заменик министерката за здравство Мира Рикацоли, која изјави дека освен лекарите кои заминуваат од земјата, има и флукс на лекари кои доаѓаат, односно дека последните години ова министерство има лиценцирано 88 лекари.

Според „Фактоје“ и информациите добиени од „Орденот на лекарите“ за странските лекари кои имаат лиценца од минатата година, во официјалниот одговор на оваа институција за “Фактоје” се вели дека во 2018 година се лиценцирани 57 лекари, додека во 2019 година се лиценцирани 28 лекари, најголемиот број пластични хирурзи. Севкупно, бројот на лиценци за овој период е 85, приближно како што изјави Заменик министерот за здравство Ракацоли. Со ова образложение ова изјава беше оценета како вистина.