Факт-чекингот најефикасна алатка за борба со дезинформациите за време на изборите во САД

-

Наодите од новиот извештај на колегите проверувачи на факти од FactchequeadoMaldita и Tech Policy Press покажуваат дека на повеќе од половина од содржините на Фејсбук, Инстаграм, Тикток, Х, Јутуб на шпански јазик, во кои е идентификувана невистина или дезинформација, не била преземена некаква мерка за модерирање или отсуствувала каква било ознака. Фејсбук се покажа најефикасна платформа – 74 отсто од објавите што содржеа лажни факти/дезинформации имаа некакво видливо обележување, т.е. ознака. Најмалку преземени мерки/ознаки се забележани на Јутуб и Х, а 19 од 20 највирални разоткриени објави биле на платформата Х

Пишува: Матеј Тројачанец

Во новиот извештај на колегите проверувачи на факти од FactchequeadoMaldita и Tech Policy Press се истражуваше статусот на дезинформациите на шпански јазик на т.н. многу големи онлајн платформи (Very Large Online Platforms) за време на последните претседателски избори во САД (2024 година). Вклучени во анализата се над 500 објави и видеа кои содржат проверени и разоткриени дезинформации, особено насочени кон латино заедниците, а во фокусот се најголемите платформи како X (поранешен Twitter), ФејсбукЈутубТикток и Инстаграм. Она што го покажуваат наодите е значителен недостиг на модерирање на содржината, особено во сензитивен и тензичен период како што се месеците пред изборите.

Еден од клучните наоди во извештајот е дека на повеќе од половина (55 отсто) од објавените содржини кои шират еден или друг тип на невистини/дезинформации, не биле преземени какви било видливи мерки од платформите. Тука се мисли оценка од независните проверувачи на факти на платформите на Мета или „белешки од заедницата“ (community note) на Х.

Помеѓу анализираните платформи, Фејсбук се покажа најефикасна – 74 отсто од објавите што содржеа лажни факти/дезинформации имаа некакво видливо обележување, т.е. ознака. Најлошо рангирана на листата во извештајот е видеоплатформата Јутуб. – на алармантни 81 отсто од видеата што содржеа некаква дезинформација немаше никакво обележување. Слично ниски оценки имаше и X, каде на 75 отсто од идентификуваните објави немаше никаква ознака, ниту беше преземена некаква друга мерка.

Табела: Процент на  преземени и на непреземени мреки за објави што содржат проверени невистини/дезинформации 

Извештајот, исто така, ја разгледа функцијата „белешки од заедницата“ на X, која им овозможува на корисниците да додадат контекст на објави доколку тие сметаат дека има потреба за тоа. Сепак, оваа алатка се покажа во голема мера неефикасна во справувањето со дезинформациите, бидејќи помалку од  10 отсто од твитовите кои содржат проверени и разоткриени невистини имале видлива белешка на заедницата.

Табела: Процент на преземени и на непреземени мреки и тип на преземени мерки на Х 

Не само тоа, друг податок што треба да се истакне е виралноста на разоткриените објави кои не добија видливи обележувања. На пример, 19 од 20 највирални разоткриени објави беа на платформата Х, а сите собраа над 6.5 милиони прегледи.

Извештајот ја нагласува важната улога што ја одиграа програмите за проверка на факти во ублажувањето на дезинформациите, особено во ваков деликатен момент кога Марк Закерберг го објави крајот на програма на Мета за проверка на факти – барем во САД.

Одлуката на Мета предизвикa бура од реакции кај проверувачи на факти, кои во отворено писмо до Закерберг, напишаа:

Пред девет години ние вие пишавме за штетите во реалниот свет предизвикани од лажните информации на Фејсбук. Како одговор, Мета создаде програма за проверка на факти која помогна да се заштитат милиони корисници од измами и теории на заговор. Оваа недела објавивте дека ја завршувате таа програма во Соединетите Држави поради загриженоста за „премногу цензура“ – одлука што се заканува да го поништи скоро една деценија напредок во промовирањето точни информации на интернет.

Програмата што започна во 2016 година беше силен чекор напред во поттикнувањето на фактичката точност на интернет. Тоа им помогна на луѓето да имаат позитивно искуство на Facebook, Instagram и Threads со намалување на ширењето на лажни и погрешни информации во нивните доводи. Ние веруваме – како што покажуваат податоците – повеќето луѓе на социјалните мрежи бараат веродостојни информации за да донесат одлуки за нивните животи и да имаат добри интеракции со пријателите и семејството. Целта беше да се информираат корисниците за лажни информации за да се забави нивното ширење, без цензурирање. Проверувачите на факти силно ја поддржуваат слободата на изразување, и тоа постојано и формално го кажавме во минатогодишната изјава во Сараево. Слободата да се каже зошто нешто не е точно е исто така слобода на говор, пишува во отвореното писмо на Меѓународната мрежа за проверка на факти.

Недостатокот на доследна и ефективна иницијатива за справување со дезинформациите од страна на дел од најголемите социјални мрежи е добар потсетник за системските неуспеси и проблеми во масовното модерирање на содржина.

Уште пред одлуката на Мета (платформата што според извештајот најдобро се справува со дезинформациите) да ја прекине програмата за проверка на факти, експертите предупредуваа дека таквите одлуки може дополнително да ја нарушат довербата и штетните наративи да се размножуваат неконтролирано. А, сега, постои уште поголем ризик дополнително да се поткопаат и онака недоволните напори во борбата против дезинформациите. Како што неретко се случува, тоа најмногу ќе се одрази на малцинствата и ранливите групи кои најчесто се првите жртви по вакви тектонски промени.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...