fbpx

Фабриката „Тритекс“ отвори нов погон во индустриската зона во Прилеп

-

Текстилната компанија „Тритекс“ го прошири својот производствен капацитет со изградба на нов погон во Прилеп. Фабриката се наоѓа во индустриската зона „Прилеп 1“ и се протега на површина од 4.000 метри квадратни. Во неа, како што посочија сопствениците, ќе има околу 300 нови вработувања.

„По повеќегодишна работа отворивме современ објект кој ќе започне да работи од понеделник“, посочи сопственикот на „Тритекс“, Дејан Наумоски.

„Тритекс“ е македонски бренд кој на пазарот опстојува 20 години. Компанијата е позната по производство на долна облека, изработена од памук.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...