Европско движење: Доследното спроведување на реформите е услов за членство во ЕУ

По 20 години не треба да го поставуваме прашањето зошто одлучивме да одиме по овој пат, туку треба да стигнеме таму, кажа Милена Ѓуровска, претседателка на Европското движење

-

Доследно спроведување на реформите и владеење на правото како услов за побрзо зачленување во ЕУ, е дел од заклучокот на денешната Четврта регионална експертска средба за Кластер 1 „Основи“ во рамките на проектот „Нека правдата владее со регионот“. Ова е заокружување на годишните активности на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), поддржана од Делегацијата на Европската Унија.

Милева Ѓуровска, претседателката на Европското движење во Република Северна Македонија и национална координаторка на Националната Конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК), зборуваше за значењето на националните конвенти во рамките на проектот.

„Верувам дека е крајно време да ја најдеме вистинската насока во евроинтегративниот процес, а тоа ќе биде владеење на правото. Ние сме тука да ги дефинираме патиштата како да стигнеме дотаму. Наша цел е членството во ЕУ. По 20 години не треба да го поставуваме прашањето зошто одлучивме да одиме по овој пат, туку треба да стигнеме таму. Одењето на овој пат треба да заврши. Билатералниот спор не треба да ги кочи земјите во нивниот напредок. Треба да ни се овозможи сериозно да се зафатиме со овие реформи за да ја исполниме оваа цел“, истакна Ѓуровска.

Андреј Лепавцов, директор на директоратот за Европска Унија во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија истакна дека владеењето на правото како заедничка вредност е неминовен дел на евроинтегративниот процес. Според Лепавцов, перцепцијата на повеќето граѓани е дека досегашните реформи одат во погрешна насока. Бојана Селаковиќ, национален координатор на Националната конвенција за Европска Унија во Србија кажа дека кога се зборува за процесот на проширување, треба да се биде свесен за тоа што е мотивација за придружување кон ЕУ на која било земја од овој регион, што е за граѓаните мотивиација, што е за институциите, а што за ЕУ.

Нирвана Делиу, проектна координаторка на Националната конвенција за Европска Унија во Албанија зборуваше за имплементирањето на критериумите на ЕУ.

„Има многу реформи кои се бараат од нас. Може имаме добри закони, но што се случува со имплементацијата? Дали земјите имаат капацитет да го спроведат целото законодавство. Овде верувам може да одигра улога граѓанското општество“, рече Делиу.

Фредерик Дубост, судија за врски во Западен Балкан зборуваше за независност, интегритет и транспарентност во правосудството. Според неа, политичарите треба да ја почитуваат независноста на правосудството. Работата на обвинителите, како што нагласи Дубост, треба да е транспарентна кон медиумите бидејќи со транспарентноста се подигнува јавната доверба во праводуството.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...