Европските лидери се собираат во Париз да разговараат за иднината на Украина

На средбата, која итно ја свика францускиот претседател Емануел Макрон, ќе учествуваат клучни регионални лидери кои ќе се обидат да трасираат пат напред надвор од формалните структури на Европската унија, без ризик од саботажа од лидери како Виктор Орбан

-

По суровото освестување за состојбата на трансатлантската алијанса изминатиот викенд, клучните европски лидери денес се среќаваат во Париз за да утврдат како да продолжат понатаму со помошта за Украина, пренесува Гардијан.

Нивната цел не е нужно да ја направат Европа „повторно голема“, како што тврди Џеј Ди Венс, туку да ја направат Европа повторно релевантна во претстојните разговори за иднината на Украина.

На средбата, која итно беше свикана од францускиот претседател Емануел Макрон, ќе учествуваат клучни регионални лидери кои ќе се обидат да трасираат пат напред надвор од формалните структури на Европската унија, без ризик од саботажа од лидери како Виктор Орбан.

Очекувано е Макрон да биде придружен од германскиот канцелар Шолц, италијанската премиерка Мелони, полскиот премиер Туск, данската премиерка Фредериксен, шпанскиот премиер Санчес, холандскиот премиер Скоф, како и лидерите на ЕУ – претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Коста.

На состанокот ќе се разговара за тоа какви одбранбени капацитети Европа може да ѝ обезбеди на Украина за да ѝ гарантира веродостојна безбедност, вклучително и план за автоматско членство на Украина во НАТО во случај на јасно прекршување на примирјето од страна на Русија.

Но, не може да се игнорира фактот дека самитот во Париз се одржува во момент кога американски претставници се подготвуваат за средба со руски колеги во саудискиот главен град Ријад за да дискутираат за истите прашања – без присуство на украински или европски претставници.

Ако Европа сака повторно да се наметне во овие разговори, времето ѝ истекува, со потенцијално разорни последици за безбедносниот поредок кој не штити од 1945 година.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон за Ројтерс изјави дека испраќањето шведски трупи во Украина како дел од мировна мисија е „апсолутно можна опција“.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Стуре изјави дека разговарал со британскиот премиер Кир Стармер во понеделникот, при што двајцата изразиле „јасно очекување дека Украина мора да има место на преговарачката маса“ за време на какви било мировни преговори со Русија.

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Иницијативата „Кој е следен“ се оградува од политичките партии

Иницијативата „Кој е следен“ испрати соопштение преку кое се оградува од политичките партии во нивното делување. Тие се обратија до сите партии и порачаа дека системот против кој се борат е...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две...