Европските лидери се согласија дека не е време за укинување на санкциите против Русија

Европските лидери на состанокот се обидоа да ги дефинираат безбедносните гаранции што тие и другите сојузници би можеле да ѝ ги понудат на Украина откако ќе се договори прекин на огнот за ставање крај на тригодишната војна - вклучително и можното распоредување на воени сили од страна на некои од нејзините членки

-

Европските лидери ја потврдија својата поддршка за Украина на самитот во Париз и се согласија дека сега „не е време“ за укинување на санкциите против Русија, пренесе Гардијан.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера рече дека на состанокот на повеќе од дваесет шефови на држави и влади едногласно било договорено дека санкциите кон Москва не треба да се ублажуваат додека јасно не се воспостави мир во Украина.

Третиот состанок на она што Франција и Обединетото Кралство го нарекоа „Коалиција на подготвените“ (Coalition of the willing) за Украина беше свикан поради загриженост дека американскиот претседател Доналд Трамп можеби е отворен за повлекување на некои санкции со цел да ја натера Русија да се согласи на договор за делумен прекин на огнот.

„Украина имаше храброст да прифати безусловен 30-дневен прекин на огнот“, рече Макрон по самитот на кој присуствуваа и украинскиот претседател Володимир Зеленски, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и шефовите на Европската комисија и Советот.

„По оваа украинска објава, нема руски одговор. Штотуку беа поставени нови услови (од Москва) за многу поограничен и хипотетички прекин на огнот“, изјави Макрон.

Британскиот премиер Кир Стармер рече дека постои целосна јасност за важноста да не се укинат санкциите и дека, напротив, лидерите разговарале за тоа како санкциите би можеле да се зголемат за поддршка на иницијативата на САД да ја доведе Русија на маса со дополнителен притисок.

„Тоа значи зголемување на економскиот притисок врз Русија, забрзување на новите построги санкции кои ќе ги намалат руските енергетски приходи и ќе работиме заедно за да се пресмета овој притисок“, изјави Стармер.

Во одвоен брифинг, германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека укинувањето на санкциите кон Русија би било голема грешка и „нема смисла“ додека не се постигне вистински мир, кој во моментов е далеку.

Путин синоќа предложи Украина да биде ставена под форма на привремена администрација за да се овозможат нови избори и потпишување на клучните договори со цел да се постигне решение, објавија руските новински агенции.

Зеленски рече дека Русија не сака „никаков вид мир“, туку сака да ги подели Европа и Америка и дека не треба да има укинување на какви било санкции додека Русија не ја прекине војната.

Украинскиот претседател по самитот додаде дека смета оти САД треба да одговорат на, како што рече, прекршувањето на Москва на заложбата да не ги напаѓа украинските енергетски цели.

„Мислам дека треба да има реакција од САД“, рече Зеленски.

Европските лидери на состанокот се обидоа да ги дефинираат безбедносните гаранции што тие и другите сојузници би можеле да ѝ ги понудат на Украина откако ќе се договори прекин на огнот за ставање крај на тригодишната војна – вклучително и можното распоредување на воени сили од страна на некои од нејзините членки.

Францускиот претседател Макрон рече дека неколку европски сојузници се подготвени да се распоредат во Украина, но некои „го немаат потребниот капацитет“, а други не сакаат да стават војници на терен поради „политичкиот контекст“.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони го повтори одбивањето на Рим да испрати војници за одбрана на каков било договор за прекин на огнот, додавајќи дека е важно да се продолжи да се работи со САД и оти се надева дека американска делегација ќе присуствува на следниот состанок на коалицијата.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...