fbpx

Европските лидери го усвоија планот за справување со мигрантската криза

-

Европските лидери го усвоија планот за справување со мигрантската криза во Средоземно Море.

Лидерите со часови разговараа дали да прифатат 40.000 сириски и еритрејски кандидати за азил, кои се наоѓаат во Италија и во Грција, и уште 20.000 лица, кои се надвор од ЕУ.

Тие постигнаа согласност за доброволна шема, задржувајќи ја бројката од 60.000, но им дадоа право на исклучување на Унгарија, која претходно го нарече планот апсурден, и на Бугарија, една од најсиромашните земји во Унијата.

Германската кацеларка Ангела Меркер по завршувањето на состанокот изјави дека дебатите биле мошне интензивни. Таа бегалскта криза ја опиша како еден од најголемите предизвици со кои се соочила откако е на оваа функција.

За претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, планот има скромни амбиции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...