Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Судот ѝ посочи на српската Влада дека, до понатамошно известување, секоја употреба на звучни уреди за контрола на собраните граѓани (освен за комуникациски цели) мора да се спречи во иднина

-

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување привремена мерка во случајот Ѓоровиќ и други против Србија.

Случајот се однесува за употреба на звучно оружје од страна на властите за контрола на толпа при протести и загриженост дека тие би можеле да бидат употребени на идните собири.

Подносителите на барањето побараа Судот да издаде привремена мерка со која ќе ги обврзе српските власти да ја спречат употреба на звучни оружја во такви околности. Дополнитено, се бара да се спречи гонење на оние што учествуваа во јавната дебата за употребата на сонично оружје на 15 март 2025 година, и да се спроведе ефикасна истрага за наводите дека било употребено звучно оружје.

Судот ѝ посочи на Владата дека треба да се спречи каква било употреба на звучни уреди за контрола на собраните граѓани. Мерките согласно член 39 од Правилникот на Судот се преземаат во врска со постапката пред Судот, без да се нарушат какви било последователни одлуки за прифатливоста на мериторноста на случајот.

Како што соопштија од ЦРТА, Судот ги одобрува таквите барања само во исклучителни случаи, ако подносителите на барањето во спротивно би се соочиле со непосреден ризик од непоправлива штета.

Барањето го поднесоа 47 српски државјани

Подносителите на барањето учествуваа на протест во Белград на 15 март 2025 година. Додека тие оддржуваа 15 минутен молк во спомен на оние што загинаа по уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, околу 19 часот, гласни звуци и радио бранови го прекинаа собирот.

Подносителите на барањето наводно доживеале интензивен инстинктивен страв, паника, шок, забрзано чукање на срцето, тремор, проблеми со слухот, повраќање, гадење, тахикардија и слични симптоми. Според извештаите, некои претрпеле физички повреди поради паниката што следеше. Околу 4.000 луѓе ги пријавиле своите искуства од инцидентот.

На 24 март 2025 година, ЦРТА заедно со граѓанските организации Белградски центар за човекови права, Комитет на правници за човекови права  – YUCOM, Иницијатива A 11, Граѓански иницијативи и ФемПлац, побараа од Европскиот суд за човекови права, да им укаже на српските власти на потребата да се спречи употребата на такви средства против демонстрантите во идните протести.

Забрана за користење

Судот одлучил да издаде привремена мерка.

„Во врска со барањето на подносителите Судот укажа дека државата треба да спречи употреба на звучни оружја или лични уреди на идните протести од страна на државата и/или недржавни актери“, велат од ЦРТА.

Додаваат дека Судот ѝ посочи на српската Влада дека, до понатамошно известување, секоја употреба на звучни уреди за контрола на собраните граѓани (освен за комуникациски цели) мора да се спречи во иднина. Судот посочи дека употребата на такво оружје за контрола на толпи е нелегална во Србија: особено, дека тоа би можело да предизвика сериозни здравствени последици за голем број луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by META.MK (@meta_mk)

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет...