fbpx

Европски правила за задоцнето плаќање со нов закон за облигациони односи

-

Министерството за правда подготвува предлог-закон за облигационите односи со кој би требало да има усогласување на домашната регулатива со четири европски директиви во однос на задоцнетото плаќање и казнените камати, правата на потрошувачите, на патниците и на самовработените трговски застапници.

„Постојниот Закон за облигационите односи е донесен во 2001 год. Со истиот за прв пат се напуштија некои концепти и решенија и се воведоа нови. Со оглед на изминатиот временски период и динамиката на промените во општествените текови и општественото живеење, но и промените во законодавството на ЕУ во одредени области се јави потребата од целосна ревизија на систематизирањето и регулирањето на облигационите односи. За таа цел со Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 се предвиде донесување на нов Закон за облигационите односи како стратешка определба за усогласување на граѓанско правната област со европските стандарди и современите општествени текови“, се вели во образложението на најавата за подготовката на новиот закон објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Во него се додава дека главна цел на новиот закон е усогласување со европските  директиви: Директива 2011/7/ЕУ за борба против задоцнето плаќање во трговските трансакции во однос на казнените камати, Директива 2011/83/ЕУ за правата на потрошувачите, во однос на правата на патниците кај договорите за организирање патување, Директива 86/653/ЕЕЗ за усогласување на правата на државите-членки во однос на самовработените трговски застапници и Директива ЕУ 2015/2302 за пакет-аранжманите и поврзаните патнички аранжмани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...