Европската Унија не е творба со нацистичка идеологија

Заложбите на Европската Унија не само што не се фашистички, туку и цврсто се темелат на антифашистички политики, препораки и дејствија. Фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права. ЕУ ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи. Се стреми да го поттикне чувството за европски идентитет, истовремено почитувајќи ги националните идентитети. Фашизмот промовира хомоген национален идентитет и често се вклучува во агресивен национализам и ксенофобија, пишува Вистиномер.

-

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека Европската Унија е фашистичка и дека е творба со нацистичка идеологија. Тоа не е точно.

„ЕУ – творба со нацистичка идеологија

Кога ќе ги погледниме кои личности учествувале на основањето на оваа заедница во Рим во 1957 година ќе ја сватиме суштината на идеолошката матрица

Валтер Холштајн, познат како “правникот на Хитлер“, кој ги предводел преговорите на владата на Хитлер со владата на Мусолини, а од 1958 година, во два мандати, претседател на Европската Комисија, највисок орган на ЕУ.

Меѓу другите нацисти, со огромен придонес во создавањето и развојот на ЕУ, Калерги ги наведува и Хјалмар Шахт, претседател на Германската централна банка од 1933 до 1939 година, Ханс Јозеф Глобка, еден од авторите на “расниот закон“ за Евреите од 1935 година, Дијана Мозли, сопруга на Освалд Мозли, лидер на британските про-фашисти…

Е сега, од 1 до 3 јуни 1955 година во Месина на Сицилија е одржана конференција на “сицилијанските шестмина“, како претставници на шесте држави што ќе го потпишат Договорот за формирање Европска Економска Заедница, познат како “Римски договор“. На него учествуваат Пол Анри Спак, јавен и официјален поддржувач на фашизмот на Франко и нацизмот на Хитлер, во име на Белгија; Гаетано Мартино, некогашен член на фашистичкото движење на Мусолини, во име на Италија; Антони Пинај, член на “Националниот одбор на Франција“, про-нацистичка влада од Виши која потпишала капитулација, во името на Франција и, Валтер Холштајн, правникот на Хитлер“, во името на Германија.

Како резултат на овој подготвителен состанок во Месина, на 5 март 1957 година е потпишан Римскиот договор, кој се смета за основачки акт на денешната ЕУ. Колку за информација, Договорот, во име на Холандија, го потпишал Јозеф Лунс, тивок член на националсоцијалистичкото движење во Холандија, а, Генерален секретар на НАТО од 1971 до 1984 година,“ стои во објавата.

Објавата неточно тврди дека Валтер Холштајн, претседател на Европската комисија во два мандати, бил министер за правда во владите на Адолф Хитлер, односно бил „правникот на Хитлер“.

Холштајн, познат и по таканаречената Холштајнова доктрина, може во младоста и да бил дел од некои наци организации, но никогаш не бил министер. Бил професор и декан на Франкфуртскиот универзитет, бил поручник во артилериска единица во Франција за време на Втората светска војна и воен затвореник на САД, но никогаш не бил висок член на некоја влада на Хитлер, иако има тврдења дека бил поблизок со него отколку што пишува во официјална биографија.

Понатаму, објавата зборува за Договорот од Месина односно состанокот на министрите за надворешни работи на сите шест земји-членки на ЕЗЈЧ, што доведе до создавање на Европската економска заедница. Делегациите на шесте земји учеснички беа предводени од Јохан Вилем Бејен (Холандија), Гаетано Мартино (Италија), Џозеф Бех (Луксембург), Антоан Пинеј (Франција), Валтер Халштајн (Германија) и Пол-Анри Спаак (Белгија). Џозеф Бех беше претседател на состанокот.

Според објавата, претставникот на Белгија – Пол Хенри Спак бил „поддржувач на фашизмот на Франко и нацизмот на Хитлер“, што не е вистина. Имено, Спак бил влијателен белгиски социјалистички политичар, дипломат и државник кој трипати бил премиер на Белгија, а подоцна и втор генерален секретар на НАТО. Убеден социјалист, Спак влегол во политиката во 1932 година за Белгиската работничка партија (подоцна Белгиската социјалистичка партија) и го добил своето прво министерско портфолио во владата на Пол ван Зеланд во 1935 година. Тој станал премиер во 1938 година и ја држел функцијата до 1939 година. За време на Втората светска војна, тој бил министер за надворешни работи во лондонската белгиска влада во егзил под водство на Хуберт Пјерло, каде што преговарал за основањето на Царинската унија на Бенелукс со владите на Холандија и Луксембург. Значи, Спак во никој случај не бил поддржувач на фашизмот и нацизмот.

Објавата тврди и дека претставникот на Италија, Гаетано Мартино бил некогашен член на фашистичкото движење на Мусолини, што не е точно. Гаетано Мартино дипломирал медицина на Универзитетот Сапиенца во Рим во 1923 година. Работел како лекар во болницата „Сент Антоан“ во Париз. Во 1934 година, станал професор на Универзитетот во Месина, а подоцна бил и декан на Универзитетот од 1943 до 1954 година. Од 1966 до 1967 година, Мартино бил и декан на Универзитетот Сапиенца во Рим.

Мартино бил истакнат либерален политичар. Тој бил избран во 1948 година во Домот на пратениците, а накратко станал министер за јавно образование во 1954 година, под водство на христијанскиот демократ Марио Скелба. Кон крајот на 1954 година, Мартино станал министер за надворешни работи.

Објавата погрешно тврди и дека Антони Пинај, претставникот на Франција, бил нацист

Пинај бил француски конзервативен политичар кој бил премиер на Франција од 1952 до 1953 година и француски министер за надворешни работи од 1955 до 1956 година. Тој бил противник на нацистите.

Објавата тврди дека Европската Унија има нацистичка идеологија, што не кореспондира со реалноста.

Европската Унија, спротивно на постулатите на фашизмот, е политичка и економска унија од 27 земји-членки кои се фундаментално демократски и се придржуваат до принципите на либерална демократија, човекови права и владеење на правото. Со ЕУ управуваат институции, кои, меѓу другите, ги вклучуваат Европската комисија, Европскиот парламент и Европскиот совет. Одлуките се носат низ демократски процеси, при што земјите-членки имаат застапеност и збор во креирањето политики. Европскиот парламент се избира на демократски избори кои се одржуваат во земјите членки, а тој потоа ја избира Европската комисија.

ЕУ става силен акцент на човековите права, основните слободи и заштитата на малцинствата. Таа има механизми за да ги поддржува овие принципи, како што е Европскиот суд за човекови права. Од друга страна, пак, фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права. ЕУ ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи. Се стреми да го поттикне чувството за европски идентитет, истовремено почитувајќи ги националните идентитети.

На 25.10.2018 година, Европскиот парламент објави дека е загрижен од зголемениот тренд на нормализација на фашизмот, расизмот и ксенофобијата и повика сите земји членки на Европската Унија да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи. Од ова станува јасно дека заложбите на Европската Унија не само што не се фашистички, туку и цврсто се темелат на антифашистички политики, препораки и дејствија.

Фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права. ЕУ ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи. Се стреми да го поттикне чувството за европски идентитет, истовремено почитувајќи ги националните идентитети. Фашизмот промовира хомоген национален идентитет и често се вклучува во агресивен национализам и ксенофобија.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме, е невистина.

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува...