Европската младинска картичка ќе се дигитализира, за младите да ја користат преку мобилни телефони

Image by Jan Vašek from Pixabay

На предлог на Агенцијата за млади и спорт, на вчерашната владина седница беше разгледана и усвоена Информацијата за проектот „Дигитализирање на Европската младинска картичка“, кој како процес има за цел да им обезбеди на младите корисници на оваа картичка да ги користат услугите што се предвидени со неа преку своите мобилни уреди. Воедно, на младите ќе им се овозможи дигитално да аплицираат за добивање на Европската младинска картичка, како и ќе им се обезбеди едноставен пристап до сите информации каде и кои услуги можат да се добијат со оваа картичка, информираат од Влада.

„Младите на возраст од 15 до 29 години, како корисници на Европската младинска картичка можат да користат поволни услуги ширум Европа, а од почетокот на овој проект во јуни 2019 година во нашата земја до сега се издадени повеќе од 4.500 картички и се направени повеќе од 350 договори со правни субјекти кои своите услуги им ги ставаат на располагање на корисниците на картичките,“ се вели во соопштението.