Европската комисија обезбеди уште 3,5 милијарди евра помош за Украина, најави Фон дер Лајен во Киев

„Слободна и суверена Украина не е само во европски интерес, туку и во интерес на целиот свет. Автократите низ светот внимателно набљудуваат дали ќе има неказнивост ако нападнете свој сосед и ги прекршите меѓународните граници. Или, дали ќе има вистинско одвраќање“, рече претседателката ан Европската комисија во својот говор во Киев

-

Украина ќе добие 3,5 милијарди евра од Европската унија (ЕУ) во март, најави претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен. Ова го најави Фон дер Лајен денеска при нејзиниот говор на Меѓународниот самит за поддршка на Украина кој се одржува во Киев.

„24 февруари 2022 година е ден кој засекогаш ќе живее во срам. Денеска ви се придружуваме во сеќавањето на загинатите херои на Украина и оние кои сè уште се борат на првите борбени линии. Беше нападната мирна нација, без друга причина освен империјалната опсесија на Путин. Но, ние веруваме во слободна и суверена Украина на нејзиниот пат кон Европската унија“, кажа Фон дер Лајен во својот говор.

Според претседателката на ЕК, војната во Украина останува најцентралната и најпоследична криза за иднината на Европа.

„Путин се труди повеќе од кога било да ја добие оваа војна на терен. Неговата цел останува капитулација на Украина“, додаде Фон дер Лајен.

„Знаеме што би можело да се случи следно. Бидејќи веќе се случи порано. Не е доведена во прашање само судбината на Украина, туку судбината на Европа. Затоа, нашиот прв приоритет останува зајакнувањето на украинскиот отпор. Досега, нашата Унија и земјите-членки ја поддржаа Украина со 134 милијарди евра. Тоа е повеќе од кој било друг. Благодарение на нашиот инструмент за поддршка на Украина и заемот од Г7, го затворивме буџетскиот јаз на Украина за целата 2025 година“, кажа претседателката на ЕК.

Фон дер Лајен кажа и дека е потребно да се забрза итното испорачување на оружје и муниција.

„Слободна и суверена Украина не е само во европски интерес, туку и во интерес на целиот свет. Автократите низ светот внимателно набљудуваат дали ќе има неказнивост ако нападнете свој сосед и ги прекршите меѓународните граници. Или, дали ќе има вистинско одвраќање“, рече таа во својот говор.

Според Фон дер Лајен, инвестирањето во суверенитетот на Украина е „инвестирање во спречување на идни војни“. Додаде дека Украина има иновативна и развиена одбранбена индустрија, која не треба да ги полни арсеналите на агресивна сила, туку да ја зајакне отпорноста на ЕУ.

„Украина има жива старт-ап сцена со многу експертиза во растечки сектори како што се вештачката интелигенција и дроновите. Претприемачкиот дух и иновативноста на младите и динамични украински компании може да дадат значајни поттикнувања за конкурентноста на Европа“, изјави Фон дер Лајен.

„Европа е овде за да ја зајакне Украина во овој критичен момент“, додаде првата жена на Европската комисија пред да ја најави поддршката за Украина од 3,5 милијарди евра во март.

Таа кажа и дека, освен финансиската поддршка, ЕУ подготвила и амбициозен проект за енергетска безбедност.

„Целта е да се обезбеди отпорен, сигурен и конкурентен енергетски систем за Украина. До крајот на следната година, целосно ќе ги интегрираме електроенергетските пазари на Украина и Молдавија со нашиот пазар. И ќе го искористиме целиот потенцијал на огромните украински складишта за гас, од кои 80% се блиску до земјите-членки на ЕУ“, изјави Фон дер Лајен, која својот говор го заврши со информација за усвоениот 16-ти пакет санкции против Русија.

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија...