Европската комисија денеска соопшти дека предложила да се одблокираат 4,2 милијарди евра од кохезионите фондови наменети за Унгарија, наведувајќи ги чекорите што новата унгарска влада ги презела за зајакнување на владеењето на правото во земјата.
Овие средства се дел од вкупниот износ од 16,4 милијарди евра во замрзнати фондови за закрепнување и кохезија, за кои ЕУ во мај најави дека ќе ги одблокира додека новата унгарска влада работи на спроведување реформи. Комисијата исто така соопшти дека повторно ќе ги отвори програмите „Еразмус+“ и „Хоризонт Европа“ за унгарските студенти и истражувачи.
„Унгарија презеде важни чекори за зајакнување на владеењето на правото и заштита на финансиските интереси на Унијата“, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.
Предлогот сега треба формално да биде усвоен од сите земји-членки во Советот на ЕУ.
