fbpx

Европската комисија го обнови договорот со Северна Македонија и Албанија за борба против тероризмот

-

Европската комисија денеска потпиша ревизија на билатералните аранжмани со Албанија и Северна Македонија, со тоа продолжувајќи го Заедничкиот план за акција за борба против тероризмот во Западен Балкан. Аранжманите ги потпишаа Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, министерот за внатрешни работи на Албанија, Бледар Чучи и министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски.

Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон порача дека со ова ЕК потврдува дека целосно се залага за безбедноста на Западен Балкан.

„Заедничкиот план за акција за борба против тероризмот останува столб на нашата соработка со Западен Балкан за да осигураме заедничка безбедност. Го поздравуваме напредокот постигнат од Албанија и Северна Македонија во спроведувањето на приоритетните акции, а потпишувањето на овие обновени аранжмани е конкретен знак за нашата континуирана вклученост и поддршка за нашите партнери“, рече еврокомесарката.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нагласи дека продолжувањето на договорот доаѓа во време на засилени закани.

„Се појавуваат нови безбедносни закани и предизвици и покажуваме дека меѓународната соработка е од најголема важност. Ревидираниот аранжман ќе им овозможи на Северна Македонија и на ЕУ поблиску да соработуваат за да предвидат, спречат, заштитат и одговорат на терористичките закани. Тој исто така ја покрива областа на спречување на насилниот екстремизам и поларизацијата на нашите општества поттикнати од дезинформации“, појасни Спасовски.

Властите на двете земји имаат намера двапати годишно да поднесуваат извештаи до Комисијата за состојбата со спроведувањето. Аранжманите се дел од поширокиот Заеднички план за акција за Западен Балкан, потпишан во октомври 2018 година, кој обезбедува сеопфатна рамка за акција за борба против тероризмот и спречување и борба против насилниот екстремизам во регионот на Западен Балкан.

Овој зајакнат договор за безбедност е една од шесте водечки иницијативи во Стратегијата на Комисијата за Западен Балкан и одговара на повикот од Софиската декларација од мај 2018 година за зголемена соработка во борбата против тероризмот и екстремизмот.

Претходните аранжмани за имплементација на Заедничкиот план за акција за борба против тероризмот во Западен Балкан беа потпишани со властите на Албанија и Северна Македонија во октомври 2019 година.

Комисијата денеска потпиша ревидирани аранжмани со обновени дејствија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...